РЕСНИК - EUPATORIUM CANNABINUM (КОНОПИЉКА)

Ресникот е повеќегодишно зељесто растение високо до 1,5 метар.

Расте на влажни места, покрај шуми, покрај патишта, ниви и потоци.
Стеблото е исправено со многу листови и со кратки влакненца, прстасто разгранети, на лице светло зелени, а на опачината темни и со влакненца.
Цветовите се ситни и имаат црвенкасто виолетова боја, кои на врвот обликуваат густ цвет кој по прецутувањето се претвора во форма на реса.
Ресникот цвета од јуни до септември.

resnik

УПОТРЕБА:
За лек се собира надземниот дел и коренот.
Во народната медицина чај од ресник се употребува како билка од која забрменуваат жените и како билка против холестеролот во крвта.
Исто така, се употребува и за болести на жолчката и црниот дроб, хепатит, жолтица и против грозница, холестерол во крвта, за грип, го скратува траењето на грипот и го намалува бројот на смртни случаеви при епидемии.
Надворешно, се користи за рани кои тешко се лекуваат и тумори.
При користење на ресник се препорачува болниот да биде под контрола на лекар.
Кај народот се смета дека жените кои пијат чај од ресник раѓаат многу деца и затоа се користи против женски стерилитет и за внатрешни крвавења од секаков вид.

 

Преземено од книгата:
"Лековити растенија - Ваш чудесен лек"
Автор:Живко Најдовски

Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

lekoviti-rastenija-kniga

Hits: 1732

01 nastani02 ne propustajte03 crkvi manastiri04 pesni od mariovo05 bilki rastenija06 sela vo mariovo