Кајмакчалан на Ниџе Планина

Категорија: Топ дестинации

Кајмакчалан е највисокиот врв на планината Ниџе во Република Македонија (2,521 м) и во текот на Првата Светска Војна бил една од клучните позиции на Солунскиот Фронт.

kajmakcalan-Kaimaktsalan

Битката на Кајмакчалан останала запаметена во историјата по големиот број на жртви кои ги претрпеле двете завојувани страни, односно бугарските и српските војски кои биле стационирани на овој дел на фронтот, а во кои имало и на двете страни голем број на Македонци, присилно регрутирани во текот на првата светска војна.

ww1-bulgarian-assault-on-kajmakcalan-1916

ww1-kajmakcalan-bulgarion-troops

ww1-kajmakcalan-Kaimaktsalan-battle-01

Дека врвот Кајмакчалан бил значајна стратешка позиција, зборува фактот што Бугарите го нарекле Борисов град (по царот Борис) бидејќи мислеле дека е неосвоив, а додека пак Србите го нарекле Капија на слободата, бидејќи таму за прв пат по окупацијата зачекориле во тогашна Југославија.
Во почетокот на есента 1916 година, започнала долго очекуваната офанзива на Антантата преку напредување на Српските и Француските сили северно од Битола (Монастир) преку Мегленските планини, додека пак Бугарите кои претежно биле од другата страна на фронтот, наместа со Германска логистика, се утврдиле во длабоките ровови.

Битката за Кајмакчалан е водена помеѓу 12 и 30 септември 1916 година, кога првата српска армија успеала да го заземе врвот Св. Илија, протерувајќи ги Бугарите кон Мариово, каде што тие поставиле нова одбранбена линија. Помеѓу 26 и 30 Септември врвот Кајмакчалан бил неколку пати заземан, се додека српската војска не го зазела и задржала на 30 септември. Човечките жртви биле огромни и на двете страни, пред се поради битката гради во гради.
Со заземањето на Кајмакчалан, на српската и француската војска им е овозможено да продолжат со понатамошните операции, во кои што потоа на 19 Ноември  ќе биде ослободена и Битола.
На самиот врв Кајмакчалан уште по заземањето во Првата Светска Војна, српските војски почнале да градат спомен обележје, кое што покасно 1928 г беше претворено во црква и  осветена заедно со костурницата во која се собрани коските на загинатите од околината. Бројот на загинати и исчезнати на ова место бил толку голем, така што и долги години по завршувањето на двете светски војни, се случувало овчарите од овие области да наоѓаат черепи или пак други коски.
Црквата "Св. Петар", чува и една легенда за Рудолф Арчибалд Рајс, кој што по неговата смрт во 1928 година посакал неговото срце да биде обвиткано во злато и сместено во посебна урна во црквата на Кајмакчалан.
Доктор Рајс како што е познат помеѓу локалното население, не бил лекар, туку професор, криминолог, фоторепортер и дописник за весници во неколку земји, известуваќи директно за настаните од фронтот.
Многу години по Првата светска војна, безброј преживеани борци и посетители ја посетуваа црквата со урната на д-р Рајс се до Втората светска војна кога Македонија беше повторно окупирана од страна на Бугарија.  Се верува дека тогаш исчезнало и срцето на Д-р Рајс.

На врвот Кајмакчалан за време на Втората светска војна се случил уште еден немил настан за Македонскиот народ, т.е. во напад на бугарската караула загинува седум борци на Седмата македонска бригада меѓу кои и народниот херој од Битола, Естреја Овадија - Мара.

kajmakcalan-Kaimaktsalan-01

kajmakcalan-Kaimaktsalan-02

kajmakcalan_360_th_01

ВИРТУЕЛНА ПАНОРАМА

kajmakcalan_360_th_02

ВИРТУЕЛНА ПАНОРАМА

kajmakcalan_360_th_03

ВИРТУЕЛНА ПАНОРАМА

Како до Кајмакчалан
До планината Ниџе - Кајмакчалан се пристигнува од Битола со автобус или со сопствено лесно возило до с. Скочивир, до каде што има и асфалтиран пат. Од с. Скочивир до самиот врв постои земјен пат, по кој што може да се стигне единствено со теренско возило, со велосипед или пак пешки (~ 5 часа пешачење)
На оваа планина нема планинарски дом, а за ноќевање можат да се искористат ловечкиот дом кој работи само за викенди и шумската куќа која се отвора со претходно најавување во дирекцијата на шумското стопанство Кајмакчалан - Битола.
Бидејќи врвот Кајмакчалан се наоѓа на самата македонско - грчка граница, потребно е претходно да се извади дозвола за движење по граница.

made with love from Joomla.it
Hits: 7169

01 nastani02 ne propustajte03 crkvi manastiri04 pesni od mariovo05 bilki rastenija06 sela vo mariovo