TheGrue

01 nastani02 ne propustajte03 crkvi manastiri04 pesni od mariovo05 bilki rastenija06 sela vo mariovo

 

ИТАР ПЕЈО И ТУРЧИНОТ - лаги, смешки, хумор од Мариово

Категорија: Итар Пејо приказни
ИТАР ПЕЈО И ТУРЧИНОТ
Спечалил Пејо некое време и маска и со гордост тргнал и тој на пазар со жито како Мариовците чорбаџии. Арно ама, и маската како стопанот - била улавка. Клоцала, касала, а најголемата маана и била таа, како на сите маски, што не се водела.
Ја дотерал некако Пејо до некаде и ја фатил за огламникот да ја води. Но таа толку се тегнела што просто морал да ја влечка по него.
My се здодеало и почнал на глас да ја колне:
- Муууууц, волкот да те изеде, да рече господ златен да се потурчиш.
Влечкал така, колнел, но назад од гордост не се завртувал.
Кога навртел долу во полето, го настигнале некакви Турци и незабележливо му се приближиле одзади. А Пејо се си вика: „Муууууц, волкот да те изеде, да рече господ Турчин да се сториш".
Го слушнале Турците и полека - полека ја изоглавил еден маската, а другите ја отерале на друга страна сосе жито.
Турчинот што ја изоглавил маската, си го наврел огламникот на вратот, и откако видел дека маската ја отераа другарите, почнал толку да затегнува назад, што Пејо морал да се сврти. И кога погледнал - што да види. Неговата маска навистина се претворила во Турчин. Застанал како скаменет, се завртел спроти сонце, ја симнал својата „валаница", се прекрстил и си рекол: „Ех, сполај ми ти, бре боженце, зашто ми ја слушна молитвата да можам и на Турчин да појавам", и му се завртел на Турчинот да го јавне. Овој почнал да се брани, но Пејо го притенал со огламникот, го репнал по ребра со ластегарката, го изгазил убаво - убаво и го скротил. A овој видел дека лесно може и главата да ја изгуби, та застанал, а Пејо го јавнал по сите мариовски правила на јавањето. Го потерал и право во Прилеп.
Кога влегол в град јаваница на Турчин, целиот град тргнал по него, а тој го дупи во вратот со ластегарката и вика: „Муууц, мууц, волкот да те истури".
Јавајќи вака низ чаршија, го забележале неколку заптии, го симнале од „маската" и го собрале да го тераат кај кадијата. Но Пејо цврсто го држи огламникот да не му побегне „маската".
Излезе пред „честитиот кадија" и Пејо искрено му раскажал како ја колнел маската и како господ му ја слушнал молитвата, та рече дека „таа е господова работа" и што е тој тука крив што го послушал господ и што јава на Турчин.
Кадијата го слушнал и Турчинот на кој начин станал Пејова „маска" и пресудил да му се врати на Пеја маската сосе жито и да му платат една лира денгуба што го задржале од работата. Ако не, Турчинот да остане Пејова „маска".

Спечалил Пејо некое време и маска и со гордост тргнал и тој на пазар со жито како Мариовците чорбаџии.

Арно ама, и маската како стопанот - била улавка. Клоцала, касала, а најголемата маана и била таа, како на сите маски, што не се водела.

Ја дотерал некако Пејо до некаде и ја фатил за огламникот да ја води.

Но таа толку се тегнела што просто морал да ја влечка по него.

My се здодеало и почнал на глас да ја колне:

- Муууууц, волкот да те изеде, да рече господ златен да се потурчиш.

Влечкал така, колнел, но назад од гордост не се завртувал.

Кога навртел долу во полето, го настигнале некакви Турци и незабележливо му се приближиле одзади.

А Пејо се си вика: „Муууууц, волкот да те изеде, да рече господ Турчин да се сториш".

Го слушнале Турците и полека - полека ја изоглавил еден маската, а другите ја отерале на друга страна сосе жито.

Турчинот што ја изоглавил маската, си го наврел огламникот на вратот, и откако видел дека маската ја отераа другарите, почнал толку да затегнува назад, што Пејо морал да се сврти.

И кога погледнал - што да види.

Неговата маска навистина се претворила во Турчин.

itar-pejo-mariovo

Застанал како скаменет, се завртел спроти сонце, ја симнал својата „валаница", се прекрстил и си рекол:

„Ех, сполај ми ти, бре боженце, зашто ми ја слушна молитвата да можам и на Турчин да појавам", и му се завртел на Турчинот да го јавне.

Овој почнал да се брани, но Пејо го притенал со огламникот, го репнал по ребра со ластегарката, го изгазил убаво - убаво и го скротил.

A овој видел дека лесно може и главата да ја изгуби, та застанал, а Пејо го јавнал по сите мариовски правила на јавањето.

Го потерал и право во Прилеп.Кога влегол в град јаваница на Турчин, целиот град тргнал по него, а тој го дупи во вратот со ластегарката и вика:

„Муууц, мууц, волкот да те истури".

Јавајќи вака низ чаршија, го забележале неколку заптии, го симнале од „маската" и го собрале да го тераат кај кадијата.

Но Пејо цврсто го држи огламникот да не му побегне „маската".

Излезе пред „честитиот кадија" и Пејо искрено му раскажал како ја колнел маската и како господ му ја слушнал молитвата, та рече дека „таа е господова работа" и што е тој тука крив што го послушал господ и што јава на Турчин.

Кадијата го слушнал и Турчинот на кој начин станал Пејова „маска" и пресудил да му се врати на Пеја маската сосе жито и да му платат една лира денгуба што го задржале од работата.

Ако не, Турчинот да остане Пејова „маска".

Hits: 3915

01 nastani02 ne propustajte03 crkvi manastiri04 pesni od mariovo05 bilki rastenija06 sela vo mariovo